Многумина дизајнери го користат Adobe Illustrator во процесот на создавање на нови дизајни. Зарем не би било прекрасно, се прашуваа во Adobe, доколку имаат можност брзо да ги оживеат тие дизајни во вистински предмети, со кликнување на копче.

Одговорот е во проектот Project Primrose, претставен првин со MAX како интерактивен фустан, а сега и како интерактивни модни додатоци. Ова е овозможено со носливи и флексибилни текстили кои овозможуваат на целата површина да се прикажува содржината создадена со Adobe Firefly, Adobe After Effects, Adobe Stock и Adobe Illustrator.
Дизајнерите можат да ја аплицираат оваа технологија на облека, мебел и други површини за да создадат бесконечни можности за стил – како што е на пример можноста за преземање и носење на најновиот дизајн на омилениот дизајнер.


По претставувањето на Adobe MAX 2023 во САД, фустанот стана вирален, со милионски прегледи на интернет. Креатор на фустанот е Christine Dierk, која самата и го сошила, изјавувајќи дека се работи за дизан што ја оживува ткаенината.
Модата не мора да биде статична, може да биде динамична, па дури и интерактивна, нагласува Dierk. Тоа го потврдува и претставувањето на дизајнот и изработката на платно и чанта, кои користат рефлектирачки модули за дифузер на светлина. /M.M.

You may also like

Comments are closed.