Според објавата на освежениот Инстаграм профил на Marc Jacobs, по повод промоцијата на најновата есенско-зимска колекција, Kim Kardashian е ѕвезда на рекламната кампања и негова нова муза. Kardashian за Marc Jacobs носи неконвенционални коктел фустани и чизми со високи, упадливо високи, масивни потпетици.

Снимена од познатиот фотограф Tyrone Lebon и средена од стилистот Alastair McKimm, Kim Kardashian во кампањатана Marc Jacobs предизвика различни реакции, оставајќи ја модата настрана.

Имено, реакциите на Инстаграм се дефинитивно поделени, при што некои поддржувачи ја фалат соработката, додека други го критикуваат дизајнерот што го користи влијанието на Kardashian. Бројни се коментарите во кои се изразуваат спротивставени мислења за тоа дали Kardashian е соодветен избор за брендот и тоа конкретно поради нејзината поврзаност со озлогласената Balenciaga. Како потсетување, Kim Kardashian се огради од соработката со брендот кој создаде бесрамни кампањи со деца (и сеуште не одговараше за тоа) но, не го стори тоа веднаш, туку под притисок на јавноста.

©MARC JACOBS, Photography by Tyrone Lebon

Влијанието на Kardashian неможе да се негира, ниту нејзината повеќеслојна кариера во која како деловна жена остварува астрономски приходи. Кампањата за Marc Jacobs е секако потврда за нејзината привлечност, иако таа, овој пат има и сенка на контроверзната Balenciaga..

Можеби и затоа, во бројните коментари на Инстаграм се спомнуваат поранешните соработки на дизајнерот со Winona Ryder, Pamela Anderson, Paris Hilton, Nicki Minaj или Emily Ratajkowski, како многу посоодветни и повеќе достоинствени. За Kim Kardashian таковиот опис би бил неточен, се посочува на Инстаграм./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.