Georges Chakra, либанскиот моден дизајнер за висока мода, од средината на 1990-тите е присутен на париските модни недели (Paris Fashion Week), посветени на високата мода. Со софистицирана привлечност и стил, континуирано ги градисвоите естетски концепти. Тие се доминантни и во неговата есенско-зимска 2023-2024 Couture колекција, во којаелаборираните и сложени детали се комбинираат со модерни и смели ткаенини.

Според брендот, новата колекција е „Метафора за трансформација„ што оддава почит кон златото, претставувајќи го неговиот капацитет како метаморфоза, како потенцијал за промена и приспособливост„.

Инспириран од ерата на барокот и од арт деко, како и сотехниката на киароскуро (chiaroscuro), Chakra беспрекорно ги спојува раскошот од минатото со современата софистицираност, правејќи го тоа со метални везови, позлатени акценти и раскошни монистри кои создаваат сложени текстури. Резултатот ја илустрира стручноста во архитектонските детали и извонредните ткаенини, бидејќи со комбинирање на елементите на линијата, бојата и текстурата, Chakra создава своевидна тридимензионална облека, со силуети кои се движат од елегантни и достоинствени до обемни и драматични.

Според стручните оценки, „смелите бои оставаат шармантни ефекти на изгледите, обвиткувајќи ја колекцијата со невообичаена аура на софистицираност. Како колекција направена за да тргне на патување на самоизразување и колективна еволуција, нејзината златна магија е повеќе алхемиска водечка сила за редефинирање на поимите за убавина и моќ, како и за предизвикување интроспекција„./М.М.

Модната ревија може да се проследи на следниов линк:

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.