Оскарите во индустријата на парфемите се всушност награди што секоја година ги доделува Fragrance Foundation UK за мириси кои се издвоиле на пазарот во текот на изминатава 2021 година и претставуваат своевиден показател за квалитетот на одреден парфем.

Според Fragrance Foundation UK, пафрем на годината е My Way на Giorgio Armani. Во овој мирис бергамотот се сретнува со цветот на портокал, а се засилуваат со индиска тубероза и јасмин. Во основата се белиот мошус и кедар од Вирџинија и ванила од Мадагаскар.

Chanel – Coco Mademoiselle Eau Privée е изборот на публиката, односно на сите кои со своите гласови го одбрале за најдобар парфем за 2021 година. Мекиот цветно-дрвенест мирис ја промовира сензуалноста со нотите на белиот мошус, мекиот јасмин и розата.

За најдобар нов женски парфем Фондацијата го прогласи Valentino Voce Vida. Парфемот претставува цветна хармонија на портокаловиот цвет и на златната гарденија, додадена на италијански бергамот и мандарина. Парфемот има и неочекувана студена нота на кристален мов и ванила.

Најдобриот нов машки парфем е на Carolina Herrera – Bad Boy. Се отвора со горни ноти на грејпфрут, кој се надоврзува со коноп, црн бибер и геранијум, за да заврши со кожа и дрвенест ветвивер./М.М

You may also like

Comments are closed.