Белата шапка, оригинален акварел и NFT дигитално уметничко дело се дел од аукцијата наречена „Head of State“на Melania Trump, објавена на нејзиниот твитер профил.

Легендарната бела шапка, што сега е на аукција, Melania ја носеше кога францускиот претседател Емануел Макрон со сопругата ја посетија Белата куќа во април 2018 година.
Понудата вклучува и акварел на илустраторот Marc-Antoine Coulon, како и мобилна дигитална NFT верзија на уметничкото дело, со вкупна минимална понуда од 250.000 долари. Наддавањето ќе биде само преку SOL криптовалута.
Меланија Трамп ја објави аукцијата и на својот сајт, истакнувајќи дека дел од приходите ќе бидат за поддршка на деца од згрижувачка заедница. https://melaniatrump.com/nft
Поранешна прва дама влезе на NFT пазарот пред неколку недели, кога за 185 долари продаде акварел со нејзините очи и аудио порака како NFT./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.