Денес во Скопје, во Арената Борис Трајковски е отворен 35. Меѓународен Саем на книгата. Саемот ќе трае до 10ти мај и ќе биде отворен од 10:00 до 20:00 часот, додека на 10. мај ќе биде отворен сѐ до 18:00 часот.

Организаторот, Скопски Саем, најавува богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи. Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на Арена – Борис Трајковски и онлајн, преку Karti.com.mk: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2023.nspx

Во рамките на програмата, се очекува присуство на голем број домашни и странски автори, со промоција на нови книги во  Промотивниот центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите. Најавувени се и едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.

Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот – македонски јазик, како главен идентитет на народот. По повод петти мај, Денот на македонскиот јазик, во петок, во 12:00 ч. ќе биде одржана трибина  во организација на Македонската асоцијација на издавачи.  

Министерството за култура на РСМ е традиционалниот Покровител на Саемот на книгата.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.