Занаетчиската комора Скопје, во соработка со Скопје Сити Мол, организираат настан кој треба да потсети на потребата за негување на традицијата.

Од денес до недела во Скопје Сити Мол ќе се одржат „Денови на филигранство и ракотворби“, на који ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает и уникатниот накит кој претставува дел од македонската традиција.

На „Денови на филигранство и ракотвроби“ ќе се презентираат изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полускапоцени и скапоцени камења, оргонит.Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците који ги споиле традицијата икултурата со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно.

Со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото не може да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и да се создадат и нови, уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата и во странство.

На нaстанот ќе се претстават: Катарина Дода – „KD Jewelry“, Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“, Елена Поповска -„Мај Прешс“, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена“, Александра Атанасовска – „МОRPHO“, Маја Донева, Миранда Дема – „Coral Jewelry“, Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж“, Марта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, Елеонора Дулјанова – „Small piece of joy“, Марија Таировска – „Marcy’s handmade“, Емина Амит – „Ателје Месечина“, Ивана Кондратенко – „ARTNOK“, Милена Станковска – „BRUMA“, Татјана Богоевска и Борче Богоевски – „Керакамика“, Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ“, Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“, Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“, Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим – „Филигран Ибро“.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.