Mytheresa, една од водечките светски платформи за е-трговија и италијанската модна куќа Dolce&Gabbana, создадоа седма заедничка колекција за жени – ски Dolce&Gabbana и Mytheresa.

Новата колекција ги комбинира препознатливиот зебра принт на Dolce&Gabbana и графичкото лого на DG, во нови нијанси на боји, изработени од високо-технолошки ткаенини.

Нудејќи естетика и функционалност, ексклузивните дизајни се совршени за одмор во планина бидејќи се облека за скијање, како и за зимски прошетки низ градот.
Колекција вклучува комбинезони со принт од зебра, жакард пуфер со лого на Dolce&Gabbana, ролери, панталони со лого, како и додатоци: капи, ракавици, сноуборд, скии, шипки, шлемови, чизми, чанти, ранци и очила, со логото на Dolce&Gabbana.

Основана како бутик во 1987-та година, Mytheresa започна со онлајн продажба во 2006 година и нуди готови облеки, чевли, чанти и додатоци, а од 2022 година и производи за уредување на домот./М.М.


Деталите на колекцијата се на сајтот на Mytheresa: https://www.mytheresa.com/eu_en/women.html

You may also like

Comments are closed.