Во прегледот на врвните модни моменти од минатата година, во американското издание на L’officiel , свое место и титула доби актерката и модел, Julia Fox.

Нејзиниот смел моден изглед ја претвори во своевидна модна муза. Без оглед дали носи облека што самата ја прави, или носи дизајнерски парчиња, Fox ги користи јавните настани за модни изјави, за со тоа, како и со некои други нешта од приватниот живот, L’officiel да ја прогласи за модна девојка на 2022-та.

Освен облеката, не помало внимание привлекува нејзиниот драматичен мејкап изглед.
Имено, иако стана позната по нејзината деби изведба во Uncut Gems, заедно со Adam Sandler, Julia Fox лани беше ставена во центарот на вниманието поради нејзиниот неконвенционално драматичен изглед.

По појавувањето во јавноста со Kanye West, на модната недела во Париз, особено внимание пак беше посветено на шминката на нејзините очи. Иако нивната приказна набргу заврши, посветеноста кон смелиот мејкап изглед остана, за од тогаш таа да стане позната по „Fox Eye“ – со силно нагласена шминка околу очите.
Неодамна таа дури и ги избели веѓите, што дополнително го зголеми впечатливиот изглед на очите.

Julia Fox е долгогодишна, етаблирана актерка и модел. Беше номинирана за Breakthrough Actor, награда доделена од страна на Independent Film Awards, за улогата во Uncut Gems. Сепак, интернетот сега е насочен и кон нејзиниот приватен живот и шпекулациите околу врската со раперот и бизнисмен Kanye West, кој лани, по разводот, го смени своето име во Ye./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.