Уметничкиот колектив на MSCHF ја претстави малата чанта на Louis Vuitton која е „помала од зрно сол“ и е критика на луксузната мода.

Опишана како „последниот збор во минијатуризацијата на чантите“, моделот е со димензии 657 со 700 микрометри. Изработена од неонско-зелена фотополимерна смола, микроскопската чанта е 3Д печатена, со помош на технологија која вообичаено се користи за изработка на биотехнолошки структури.

Иако е видлива со голо око, деталите на чантата можат да се видат само преку микроскоп. Моделот има рачка и лого на Louis Vuitton и е покриен со монограмски знак на брендот.

MSCHF ја создаде чантата како коментар за луксузната модна индустрија и функционалноста на малите чанти.

Од брендот велат деа како што некогаш функционалниот објект, како чантата, станува сè помал и помал, неговиот статус на објект станува се повеќе апстрактен – сè додека не стане само знак за брендот. Микроскопската рачна чанта неноси до својот целосен логичен заклучок. Практичен предмет се претопува во накит, сета негова наводна функција испарува; за луксузните предмети употребливоста е дело на ангелите.

Чантата треба да биде изложена во Париз, во запечатена футрола за гел поставена под микроскоп заедно со слика од неа на екранот, пред да биде продадена онлајн на аукцијата Just Phriends на крајот на овој месец.

Аукцијата Just Phriends е дел од Joopiter, која беше лансирана од американскиот музичар и продуцент Pharrell Williams – кој неодамна стана шеф на машка облека во Louis Vuitton .

MSCHF е со седиште во Бруклин и е позната по своите пародии. Минатата година, колективот го имаше своето прво галериско шоу во Њујорк, на кое е претставен фрижидер полн со „функционален“ аналог на ЛСД./М.М.

You may also like

Comments are closed.