На 26 и 27-ми август Скопје ќе биде домаќин на „Skopje Tattoo Show 2023″ – на првата интернационална конвенција за тетовирање – на настан што ја промовира уметноста и самоизразувањето преку тетовирање.

На „Skopje Tattoo Show 2023″ ќе присуствуваат над 50 интернационални и балкански тату артисти. Посетителите ќе можат да видат тадиционални и современи тетоважи, како и разновидни стилови и техники на тетовирањето.

За време на двата дена тату артистите ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории, а на најдобрите  ќе им бидат доделени награди. Доколку сакаат, посетителите ќе имаат можност да се тетовираат и да научат нешто од врвните тату уметници.

Интернационалната конвенција ќе биде проследена со бројни настани: за музичката атмосфера тука ќе бидат бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk. Нашиот познат уметник, Михаил Корубин, ќе има изложба, а свое предавање ќе има м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје на темата: Под површината – психологијата и подлабокото значење на телесната уметност.

Првата „Skopje Tattoo Show 2023″ конвенција ќе биде поттик за поврзување на заедницата за тетовирање, да споделува искуства и за градење на трајни врски и можности. Впрочем, уметноста на тетовирањето е признаена форма на уметност која во светот е во постојан развој./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.