Chanel открива дека амбасадорката на брендот, актерката и модел Lily-Rose Depp е и муза на часовникот што ќе биде промовиран на први септември.

Часовникот наречен Première Édition Originale, Depp го опишува како убав, деликатен, шик и класичен – часовник каков што само Chanel може да создаде.

Lily-Rose Depp, актерка и модел, за Chanel досега има реализирано повеќе рекламни кампањи за парфеми, потоа за чантата Chanel 22, а има настапувано и на нивните модни ревии.

Lily-Rose Depp е ќерка на холивудскиот актер Johnny Depp кој, исто така, е и во светот на модата: од 2015 година е заштитно лице на најпродаваниот машки парфем – Souvageна Dior. Според објавените податоци за продажбата, овој парфем на модната куќа и носи дневен приход од околу 4,5 милиони американски долари. Можеби успешниот настап во светот на модата на таткото наскоро да биде и приказна на Lily-Rose Depp./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.