На аукција е и круната на Mercury, направена по моделот на онаа на St Edward’s, а таква ќе носи и кралот Чарлс, на неговото крунисување следниот викенд.

Аукциската куќа Sotheby’s Лондон на шести септември организира продажба на над 1.500 лични предмети на Freddie Mercury, легендарниот пејач на Queen. Продажба опфаќа лични предмети брендирана облека, уметнички дела, мебел и костими од настапи. На продажба се и неговата круна, рачно напишаните текстови и сребрениот чешел за мустаќи.

Пред аукцијата во Лондон, во јуни и јули годинава, во честна неповторливиот живот, работа и уметност на Freddie Mercury, колекцијата ќе биде поставена во галериите на Sotheby’s во Њујорк, Лос Анџелес и Хонг Конг, за од четврти август до петти септември да биде изложена во Лондон.

Се проценува дека продажбата ќе донесе повеќе околу седум милиони евра, иако, како што забележуваат од Sotheby’s, постојано се додаваат нови предмети на аукциската листа.

Предметите доаѓаат од домот на Mercury во Лондон, познат како Garden Lodge, кој  тој и го остави на својата пријателка Mary Austin, по неговата смрт во 1991 година од компликации поврзани со сидата.

Инаку, познатата круна на Mercury е направена по моделот на круната на St Edward’s, (која ќе ја носи кралот Чарлс на неговото крунисување следниот викенд), како и наметкатаод црвено кадифе, лажно крзно и кристали. Mercury ги носеше на последната изведба на God Save the Queen, со која бендот го заврши последниот настап во живо, во Knebworth, во 1986 година.

Austin ќе донира дел од приходите од продажбата на Mercury Phoenix Trust и Elton John Aids Foundation./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.