Делата на легендарниот дизајнер Karl Lagerfeld беа тема на годинешната Met Gala приказна, покажувајќи дека неговото наследство кое живее во срцата на луѓето. Од Монако известуваат за едно поинакво наследство, за вилата La Vigie, која Karl Lagerfeld многу ја сакал, а ја добил на подарок од  Принцот Rainer III, во замена за исполнување на едно ветување.

Многу луѓе знаат дека првиот човек на Chanel поминал деценија од својот живот во Монако, во Belle Epoque вилата, изградена од Sir William Ingram во 1902 година и наречена La Vigie. Она што е интересно е дека вилата не е купена, туку добиена на подарок, за ветување дека Кајзерот на модата ќе и ја врати поранешната слава. Во 1986 година, кога Lagerfeld ја добил вилата на подарок од Принцот Rainer III, веќе имал блиски врски со семејството, а принцезата Caroline била една од неговите музи.

Верен на својот збор, Lagerfeld вложил околу 12,7 милиони евра во La Vigie, не само за реставрација, туку и за раскошен мебел, богати ткаенини и неверојатни уметнички дела.

Трикатната вила од 600 квадратни метри е со шест спални соби, четири бањи и две соблекувални, како и соби за билијард и библиотека. Има и тераса од 237 квадратни метри која нуди неспоредлив поглед на море, близу до градината во која има џакузи на отворено.

Во 2019 година, по заминувањето на легендарниот дизајнер, од Sotheby’s France е побарано да ги даде на аукција трите негови резиденции, вклучително и La Vigie.

Денес вилата се користи од страна на SBM како место за интимни приватни настани, а приказната за подарокот наречен од Принцот за Кајзерот станува дел од легендата за Karl Lagerfeld./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.