Продукцијата на CBS објави дека наскоро ќе гледаме документарна серија посветена на Cristobal Balenciaga. Работата на проектот ќе започне идниот месец и ќе биде првата документарна серија целосно посветена на славниот дизајнер. Дејствието ќе ги следи неговите рани почетоци и ќе посвети особено внимание на процесот што претходел на започнувањето на модната куќа Balenciaga, основана во 1917 година, кога тој имал само 22 години.

Многу мистериозен и крајно приватен, Cristobal Balenciaga има дадено само две интервјуа во текот на неговата повеќедецениска кариера, што не го спречи да стане еден од најгласните и најавтентичните луѓе во модната индустрија. Тој е еден од ретките дизајнери кои успеаја да направи револуција во модната индустрија со своите креации, преиспитувајќи ги традиционалните бои, структури и форми кои до тогаш владееа со модата. Тој им го даде својот оригинален дизајн и глас на жените, како поддршка да продолжат да се борат за нивните права и да докажат дека се еднакви со мажите. Ваквиот став се смета дека е создаден во неговото детство. Баленсијага е роден во Гетарија, провинција Гипускоа (Баскија), на 21 јануари 1895 година. Неговиот татко бил рибар, кој умрел кога тој бил мал, а неговата мајка била шивачка, покрај која поминувал многу време додека таа работела. Имал дванаесет години започнал да работи како чирак на кројач.

Неговите дела целосно го сменија модниот свет, а до сега само неговите колекции зборуваа за него, неговите ставови и неговиот живот. /М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.