Од  18 до 21 јануари во Берлин се одржа десетото – јубилејно издание на Fashionweek. Berlin Fashion Week е најголемиот саем за мода во Германија, a Берлин најголем моден центар во земјата, со најмногу бутици и модни продавници. Како креативна платформа, ги претставува германските и меѓународни модни дизајнери, врвни модни брендови, како и меѓународно признаени млади таленти, за поставување трендови.

Годинешниот моден настан се состоеше од пет саеми, а фокусот беше на најголемиот спонзор на Саемот и на неговата „Модната недела на Мерцедес Бенц“. Настанот се одвиваше во еден долг шатор, поставен на Бранденбуршката порта, во кој можеа да се проследат колекциите на познатите дизајнери кои промовираат одржливост во модната индустрија. Ревиите се одржуваа на класична модна писта, како и виритуелно, преку каналите на организаторот.

На саемот “Bread & Butter” сето прикажано беше во знакот на повеќе спортска облека, која станува сè поважен сегмент на модата, особено за Берлин. Границите помеѓу  двата доминанти сегмента – Haute Couture i Streetwear стануваат се повеќе пропустливи и помеки, а тоа е многу позначајно за луѓето во индустријата, отколку за клиентелата што купуваат облека.

За клиентелата која сака луксуз, на годишниот берлински саем беше одговорен саемот “Premium”, додека пак саемот”Seek” беше наменет на помладата публика, како и”Bright”каде сето се вртеше околу  Streetwear и модата за скејтерите.

Новите формати на кросовери, како што се Референтниот фестивал и примарно-дигиталниот формат БЕРЛИН, БЕРЛИН од Хајснобиести,  се ново додадени програми со цел да го премостуваат јазот помеѓу современата мода и различните креативни жанрови, како и да обезбедат висока видливост во медиумите со хибридни и дигитални формати. Берлинската модна недела на тој начин се концентрира на она што Берлин го означува ширум светот: субкултура, мода, музика и уметност.

Интересот за модната недела во Берлин во светот на модата е огромен, благодарение на фактот што во главниот град на Германија, може да се најде уникатна мешавина од мода и авангарда.Тоа е и разликата помеѓу авангардниот Берлин и деловниот Минхен, во кој е финасискиот обрт во модната индустрија сепак поголем. Сепак, темата на пандемијата со короната и проблемите со кои се соочува модната индустрија беа неодминливи. Дотолку повеќе што една недела пред модниот настан во стечај отиде Adlermode, компанија која држеше ланец од 172 продавници и имаше 3350 вработени. На премережјата низ кои поминува индустријата е расправано и на берлинскиот моден самит одржан во рамките на Berlin Fashion Week.

Со крос-дисциплински концепт како европска престолнина на креативните индустрии и, Берлинсккиот настан настојува да се фокусира на поодржлива иднина и да се позиционира како Европска престолнина на креативни индустрии. Репозиционирањето е израз на колективен дух што го споделуваат и промовираат сите вклучени./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.