На изборот за Мис на Медитеранот 2023, што изминатиов викенд се одржа во Киренија, на Кипар, нашата претставничка Мија Стерјовска направи голем успех со победа, во конкуренција од 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот. Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а Втора придружничка е девојката од Шпанија.

Финалето на изборот, организирано од Aya Production, од Либан, се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот Les Ambassadeurs, во Киренија, на самиот брег на Средоземното море, кадешто девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор.


Нашата Мија е член на Моднато судио Црнокрак, кое веќе 20 години ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина. Ова е шести пат како девојките од студиото Црнокрак освојуваат победа на Мис на Медитеранот !
Студио Црнокрак

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.