По добивањето одобрение од Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), NHS ќе биде првиот здравствен систем што ќе ја применува Atezolizumab инјекцијата на стотици пациенти. Од NHS објаснуваат  дека новиот метод со инјектирање, наместо интравенски, се очекува да трае приближно седум минути. Со оваа промена не само што ќе се обезбеди поудобна и побрза грижа за пациентите, туку ќе има повеќе време за лекарските тимовите за нега на заболени од канцер.

Соопштението на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS) според кое прва во светот ќе понуди инјекција „под кожа“ за лекување на рак, стана тема за која деновиве постојано се зборува.

Atezolizumab, исто така познат како Tecentriq, е лек за имунотерапија произведен од Genentech, на компанијата Roche. Работи на зајакнување на имунолошкиот систем на пациентите за да се идентификуваат и елиминираат клетките на ракот. Традиционално, лекот се прима преку интравенска инфузија, која може да потрае и до еден час и може да биде предизвик за некои пациенти поради тешкотии во пристапот до вените. Во моментов, на пациентите со рак на NHS им се нуди третман со трансфузија со низа видови на рак, вклучувајќи ги оние на белите дробови, дојката, црниот дроб и мочниот меур.

Лекот Atezolizumab, познат и како Tecentriq, го добиваатоколу 3.600 пациенти во Англија секоја година. Се очекува дека мнозинството од овие луѓе сега ќе го добијат лекот преку седумминутна инјекција наместо интравенска, што обично трае од 30 минути до еден час.

NHS Англија соопшти дека побрзиот третман доаѓал без дополнителни трошоци поради постојниот комерцијален договор што го преговарал со производителот Roche./M.M.

You may also like

Comments are closed.