Ивана Манас

Минатата недела во Милано се одржа ревијата на дизајнерското дуо D & G каде што настапи нашата Ивана Манас. Откако ја обнови соработката со  модната агенција Моделс ИН Менаџмент за краток период потпиша договор со српската агенција JS’ Management и веднаш решија да ја пласираат во Милано. Ивана е совршена за висока мода и очекувано беше да ја изберат за светски бренд, вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски.

Сега е во Италија,  како дел од агенцијата Тhe Lab Models Milano, каде што работи на нови проекти и останува до средина на март. Потоа, во договор со агенцијата од Белград, ќе решиме каде ќе биде најзиниот нареден ангажман и патување, иако знаеме дека ќе направи голема кариера, вели Наумовски. /М.М.

You may also like

Comments are closed.