Производителот на играчки Matel направи кукла Барби со ликот на Sarа Gilbert, одбележувајќи го така нејзиниот ангажман во пронаоѓањето на AstraZeneka вакцината против коронавирус.

Таа е научник и професор на Универзитетот Оксфорд, и вели дека на почетокот и била мошне чудна идејата да се направи кукла со нејзиниот лик.  Сепак, како што објавија во Matel, се надева дека „ќе ги инспирира идните генерации девојки да работат во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката“.

Се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барбика ќе разберат колку се витални научните кариери за светот околу нас”, рече Гилберт.

Н1 јавува и дека Sarа Gilbert во јуни е одликувана од кралицата Елизабета II за заслуги за здравствени и медицински истражувања./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.