Сите имаме свои обрасци, навики и проблеми кога станува збор за спиењето. Некои велат дека не спијат доволно, други дека спијат премногу, но се борат со квалитетот на својот сон. Кога проблемите со спиењето се појавуваат многу често или почнуваат да влијаат врз секојдневниот живот, тоа може да биде знак за несоница, што може да има последици  врз физичкото и ментално здравје.

Несоницата се карактеризира со тешкотии при заспивањето, често будење во текот на ноќта или будење во зори. Лекарите препорачуваат возрасните да спијат помеѓу седум и девет часа, иако има и такви за кои четири часа сон се сосема доволни за одмор.

Квалитетниот сон станува се поголем проблем. Бројните истражувања што постојано се реализираат, особено во последно време (во кои се вклучи и Google Trends), а се поврзани и со влијанието на пандемијата, покажуваат дека инсомнијата станува се помасовен проблем. Најновото истражување во Обединетото кралство на репрезентативен примерок покажа дека половина од испитаниците имале барем еднаш месечно проблеми со спиењето, додека 35 проценти го имаат тој проблем на неделно ниво. Специфичната фрустрација ја чуствува една петтина од испитаните затоа што има некаков проблем со спиењето секоја ноќ.

Пандемијата и последиците од неа имаат силно влијание врз квалитетот на сонот.

Прашањето „Како побргу да заспијам“, според Google Trends, само во Англија е пребарувано во просек по 6.700 пати на вечер и тоа во време помеѓу 1 и 4 часот наутро. Гледајќи ги трендовите за пребарување преку Интернет, се чини дека најчесто се бараат медицински решенија. Во просек, 387.600 пребарувања месечно се за средството за спиење Нитол. Во текот на последните 12 месеци се направени 1,28 милиони пребарувања за Мелатонин, а диазепам бил пребаруван во просек 63.600 пати.

Советите при несоница, од легнување во исто време, топол напиток за опуштање  и избегнување на тешки оброци и алкохол пред спиење се само некои од нив.

Д -р Nil Stenli, независен експерт за спиење, вели дека кога несоницата преминува во хронична фаза, вообичаениот совет повеќе не помага, па се советува посета на лекар. Иако апчиња за спиење се вообичаена терапија низ целиот свет, лекарите ретко ги препишуваат поради несакани ефекти или зависност. На пациентите обично им се препорачуваат осум недели психотерапија за „да се ослободат од мислите што го нарушуваат сонот“.

Оние кои се „хронично лишени од сон“ – што значи дека редовно спијат помалку од пет часа – „честопати развиваат здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес“, додаде тој.

Можеби решението е во „когнитивното мешање“.

Когнитивнотото мешање е всушност мешање на мислите низ слики – додека се фокусирате на сликање преку случајни предмети кои мозокот неможе да ги разбере, па грижите и вознемиреноста се држат понастрана.

Иако може да звучи како ниша рутина, когнитивното мешање помага да се поттикне мозокот на мирна, луцидна состојба, што му претходи на отпуштањето, вели Luc Beaudoin, научникот кој стои зад оваа техниката. Спротивно на тоа, продолжувањето на размислување на вербален, аналитички начин на решавање проблемите, може да го одложи и оневозможи почетокот на спиењето, смета тој./M.M.

You may also like

Comments are closed.