Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже сета своја креативност за спектакл и за организација. По тој повод во 1898 година е изградена Ајфелова кула за Париското експо, и Кулата на Сонцето, во 1970 година за Експо на Осака. Сега, сите со нетрпение го очекуваат Дубаи 2020. Сите погледи се вперени во Дубаи- познат по спектакуларните згради и ултра модерни простори.
Како домаќин, се очекува Дубаи да привлече околу 25 милиони туристи, што е далеку помалку од 73. милиони луѓе кои ја посетија последната Светска изложба во Шангај, но и тука пандемијата и препораките имаа свое влијание.
За прв пат во историјата на организацијата, секоја земја има целосно посебен павилјон, така што посетителите ќе видат повеќе од 200 павилјони. Целиот простор на површина од петстотини хектари./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.