Извонредноста на францускиот savoir-faire, вградена во патиките Dior В30, се предлог на Kim Jones за мажите за наредната пролет. Ќе бидат достапни во црна, бела, маслинеста, беж и вар нијанса, а во продажба ќе се од ноември годинава.
Благодарение на структурата, Dior В30 има флексибилност за да ги задоволи дури и најпребирливите – оние кои бараат динамика и ефикасност во секојдневниот живот. Аеродинамичната линија, благодарение на современа структура, инспирирана од францускиот модернизам, повторно е тренд на патиките за следната сезона.
Dior едноставно неможе без легендарното “CD” лого, што на B30 се впечатливо доминантни. Патиките се преставени не само за трчање туку и како идеален придружник за долгите прошетки во работните денови или викендите: како поради смелата безвременска силуета, така и заради удобноста и привлечноста./М.М.

You may also like

Comments are closed.