Како што се доближуваат празниците, така се зголемува и изборот на пригодните подароци. Guerlain во својата празнична понуда наречена кошницата на чудата, претстави повеќе пригодни комплети, деликатно завиткана во подарок за паметење.

Еден од нив, наречен Aqua Allegoria вклучува Aqua Allegoria Mandarine Basilic тоалетна вода, за секојдневна употреба и за патување, како и лосион за тело Aqua Allegoria Bergamote Calabria. Од модната куќа истакнуваат дека Mandarine Basilic е блескава и весела тоалетна вода, полна со светлина, а лосионот за тело извор на свежината со сочниот бергамот од јужна Италија, што по употреба ја остава кожата мека и нежно ароматизирана.

Во кошницата на чудата се и парфемите. Имено, Guerlain оставаат свој белег во историјата на модерните мириси со низа креации кои раскажуваат приказни инспирирани од романтични средби, книжевни класици и патувања во далечни земји. Примери има повеќе – како Shalimar, Habit Rouge и од неодамна, La Petite Robe Noire.

Од Guerlain истакнуваат дека од 1828 година, природата е нивен извор на инспирација. Посветени се на одржливи иновации, зачувување на биодиверзитетот, дејствување за климата и создавање позитивно општествено влијание. Особено се посветени на заштита на едно од најскапоцените богатства на нашата планета: пчелата. Затоа и празничната сезона ја отвораат со пригодна кампања посветена токму на значењето и влијанието на пчелите – www.guerlain.com /М.М.

 

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.