ВестиКултура на живеење

Глобален натпревар на second hand модата

Препродажбата на облеката се претвора во глобален културен и економски феномен

Модата доживува сериозна трансформација – second-hand облеката, некогаш поврзувана со хуманитарни продавници и социјален стереотип, денес е еден од најбрзо растечките сегменти во светската индустрија. Купувањето на претходно носена облека веќе не се смета за компромис, туку за израз на креативност, одржливост и паметна потрошувачка.

Поттикнат од дигиталните пазари, влијанието на инфлуенсерите и промените во културните вредности, овој тренд е одраз на желбата на потрошувачите за аутентичност, одговорност и долгорочна вредност на облеката. Генерацијата која растеше со fast fashion сега се насочува кон модели каде гардеробата трае повеќе од една сезона, а стилот се мери преку индивидуалност, а не количина.

Статистиките ја потврдуваат популарноста на second-hand модата: во 2024 година, online продажбата на претходно носена облека во САД порасна за 23%, додека целокупниот пазар забележа раст од 14%. Очекувањата се дека онлајн препродажбата ќе се удвои во следните пет години. Платформи како eBay, ThredUp, Depop, Poshmark, Vinted и The RealReal овозможуваат пристап до милиони уникатни парчиња со истата леснотија како купување нови облеки.

Според најновите проценки, вредноста на second‑hand пазарот во Европа изнесува околу 32,1 милијарди долари во 2025 година и се очекува да порасне на околу 35,3 милијарди долари во 2026 година, со годишен раст од околу 10 % на среден рок од 2026 до 2034 година.

Интересот за second‑hand облека расте и во балканскиот регион, преку дигитални канали и локални платформи, особено на социјалните мрежи и специјализираните онлајн групи, каде што се споделуваат профили за купување и продавање облека од втора рака. Ова укажува дека трендот од Европа се прелева и во балканската модна култура, со зголемено интересирање кај потрошувачите за уникатни и поодржливи парчиња облека.

Освен масовната мода и луксузниот сегмент на second-hand стана структурен дел од глобалниот пазар на висока мода, а прогнозите за 2030 година го предвидуваат пазарот на луксузна препродажба на околу 66 милијарди долари. Со тоа, second-hand облеката го менува начинот на кој се создава вредноста во модата, поддржува циркуларност и ја дефинира новата реалност на одржлив стил./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.