Раперката блесна во креација на Di Petsa, со која го заокружи своето појавување на турнејата „Little Miss Drama“
Американската рап-ѕвезда Карди Би повторно се најде во центарот на модното внимание со впечатлив изглед што ја потврдува нејзината репутација на изведувачка која подеднакво доминира на сцената и надвор од неа.
По настапот во рамките на „Little Miss Drama“турнејата, уметничка се појави на афтер-парти облечена во креација што веднаш го привлече вниманието на медиумите и социјалните платформи како моден момент на неделата.
Станува збор за фустан инспириран од митолошката естетика на сирените, потпишан од лондонската дизајнерка Ди Пеца. Креацијата е дел од есенската колекција на Di Petsa, претставена на Лондонската модна недела, и се одликува со принт што комбинира мотиви на школки и текстура налик на лушпи, во сива и црна палета.
Карди Би со ова појавување повторно демонстрира способност да ги претвори јавните настапи во модни моменти со силен медиумски одек. Така, според Page 6 , ја потврдува и својата позиција на една од највлијателните јавни личности кога станува збор за модни изјави што го надминуваат класичното дефинирање на стил.
Фото: amcardib/Instagram


















