Стартап проектот на LanzaTech со Inditex доведе до дизајн на капсулна колекција на Zara, направена со користење на емисии на CO2. Lanzatech разви технологија со која емисиите на CO2 се претвораат во етанол, кој потоа може да се користи за производство на нови материјали, како полиестер.

Технологијата на LanzaTech, Inc. тргнува од зафаќање на CO2 од индустриски и земјоделски активности (во случајов се работи за челичарница), или од отпад од домаќинствата, кој потоа, преку процес на ферментација, се претвора во етанол, основна компонента во производството на материјали како што е ПЕТ пластиката, која се користи и за полиестерско предиво.
Таквата ПЕТ суровина содржи 20% MEG (моноетилен гликол) добиен од овие емисии на рециклиран јаглерод и 80% PTA (прочистена терефтална киселина).


Благодарение на технологијата развиена од LanzaTech, влакната задржуваат карактеристики како полиестер направен од примарни суровини, вклучувајќи квалитет, ефикасност и одржување.
Во заедничкото соопштение за медиумите од компаниите се вели дека така добиеното предиво е искористено за да се направи ткаенина за капсула колекцијата на Zara за летни парти фустани.
Многу сме возбудени поради оваа соработка со Inditex и Zara, која носи мода направена од отпадните емисии на СО2, посочи Jennifer Holmgren, главен извршен директор на LanzaTech. Имаме технологијата што може да им помогне на модните брендови да го ограничат влијанието на јаглеродот. Со Zara, најдовме нов пат за рециклирање на емисиите на јаглерод, за да направиме ткаенина.
Ги знаеме предизвиците на текстилната индустрија, истакнуваат од Zara, и затоа работиме на изнаоѓање на решенија. Постојано бараме нови сојузници, процеси и материјали кои ќе ни помогнат да го ограничиме нашето влијание. Со овој проект се ограничува директното ослободување на СО2 во атмосферата, а помага и во намалувањето на користењето на примарните фосилни горива./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.