Во создавањето на новиот комплет за јадење Cordelia de Castellane повторно наоѓа инспирирација од животот на Christian Dior.

Новата колекција Dior Aquarius е посветена на уметноста и на уредувањето на масата што ја испорачува дизајнерката, инспирирана од еден од имотите на Christian Dior – неговиот дом во Milly-la-Forêt.


За модниот дизајнер ова место претставувало вистинско засолниште од метежот на Париз. Во своите мемоари, тој напишал: „Можев да се повлечам во мојата куќа со цвеќиња и мирно да го слушам цвркотењето на птиците. Таму течеше и реката, мрзеливо носејќи ги своите води покрај локалната воденица и слатки мали куќички“.
Колекцијата вклучува чинии, чаши и садови со „портрети на подводни жители„, како и елегантни стаклени скулптури на риби, како особен, оригинален украс за масата. Конечниот допир на декорацијата е рачно извезената покривка за маса.
Самостојните орнаменти во форма на риби се направени рачно, од Мурано стакло. „Секој може да ја избере својата риба, сите се различни“, објаснува Cordelia de Castellane во претставувањето на Dior Aquarius./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.