Австралискиот производител на опрема за работа,  R.M.Williams, ги претстави своите Yard Boot 365 чизми за мажи и за жени, изработени од единствено парче кожа, со технолошки иновативна, еластична подлога од  8 mm. Идејата на дизајнерот Marc Newson е Yard Boot 365 да бидат чизми што може да се носат во текот на целата година, без оглед на временските услови или на подлога, како на пример кал, вода или песок. На сите кои сакаат да работат во различни услови, или, сакаат авантури, смета  Newson, им треба пристапна, модерна чизма за поддршка на нивните идеи и цели.Производителот на Yard Boot 365, Р.М. Вилијамс, уште од  крајот на 50-тите години на минатиот век, изработува опрема за работа и чизми за во висока трева, мочуришта или во песок. За Marc Newson велат дека е еден од најинспиративните дизајнери на нашата ера, кого го ангажирале  да создаде чизми на иднината. Yard Boot 365 се токму тоа./М.М.

Достапни се на најголемата интернет платформа https://www.farfetch.com/pt/stories/women/rmwilliams-edit-fw20.aspx?msc=rmwilliams_w_feb21&mktref=display_w

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.