Кога  „Адидас“, во соработка со естонскиот рапер Томи Кеш, ги лансираше патиките што наликуваат на фанцускиот леб багет, како дел од кампањата наречена ‘Superstar’, многумина забележаа дека чудни модели на „Адидас„ имало и порано – по различни поводи.

Не се ниту осамени – бројни познати и непознати брендови, самостојно или во соработка со уметници и дизајнери, излегувале од модната функционална зона и пред јавноста се претставувале со чевли или патики кои, освен што привлекуваат внимание, понекогаш тешко, или никако неможат да се носат.  За повеќето од овие модели се поставува, сосема оправдано, прашањето: „Дали некој навистина ова би го ставил на нозете“? По првиот шок и обидот да се разбере идејата и практичното – каде одат прстите и каде оди петицата, треба да се одаде признание на креативноста како таква, па и на храброста на оние кои своите идеи ги претвориле во патики или во чевли.

Или, барем во она што треба да наликува на нив./М.М.

You may also like

Comments are closed.