Оваа сабота (29 октомври) ќе се случува второто издание на Slow Food салон 2022, што го има слоганот „Храната е идентитет“ и ќе се случува во Limak Skopje Luxury Hotel од 12 до 20 часот.

Над 40 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути- сирења, кашкавали, џемови, слатка, домашни сокови, зимници, масла, тартуфи, мед, чоколадо и намази, сувомеснати производи, вина, пива, ракии…, „homemade“ традиционални гурманлуци и деликатеси, се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.
Производителите, чуварите на биодиверзитетот ќе понудат добра енергија и уште подобра храна што ќе ја препознаете по „изворниот“ мирис и вкус.

„Поради нашата иднина вниманието е насочено кон производителите, консументите, носителите на одлуки за важноста на локалната храна во нашето општество – вели Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија. „Освен тоа, традицијата, знаењето и вештините пренесувани од генерација на генерација денес ни ги овозможуваат најдобрите вкусови на трпезата. Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, исто како и јазикот, музиката, обичаите. “
Се гледаме во сабота, на второто издание на Slow Food салон 2022. Шестиот кат од Limak Skopje Luxury Hotel е подготвен да ги угости сите посетители и хедонисти./Вања Т.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.