Shanghai Fashion Week, централното азиско модно случување есенва, штотуку заврши. Се одржуваше од осми до 16 октомври во хибриден распоред, што ќе рече со дигитални модни филмови, но и ревии со публика.

Аналиџзите покажуваат дека Shanghai Fashion Week е меѓу најбрзо растечките во светот, со постојано надградување на содржините со нови видови саеми и разнообразни форуми, на повеќе локации.

  • Оваа сезона имаше модни писти, саеми и форуми низ неколку локации во градот, вклучувајќи го и landmark Xintiandi. На оваа модната недела видливо беше присуството на млади дизајнери, чие време допрва доаѓа, а со него и одржливоста на модата, како неодминлива премиса. Така преставените колекции за пролет/лето 2022 година се карактеризираат со одржливост, силата на послабиот пол и на нематеријалното културно наследство.
    Исто така, Shanghai Fashion Week имаше стриминг во живо, посебни кабини за инфлуенсерите преку Интернет, како и панели за одржлива мода.
    Колекциијата наречена Label Hood на Yueqi Qi – ја отвори модната недела со изгледи во кои се преплетуваат традицијата и современоста.
    Oсобено внимание привлече и колекцијата наречена Romance Anónimo на Louis Shengtao Chen, а нови линии и стилови беа видени и од Shie Lyu, под мотото „ Добро за планетата, добро за умот “./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.