Kris Goyri

Мексиканскиот дизајнер Kris Goyri, добро познат по неговите прекрасни композиции на бои и нијанси, за преставување на својата пролетна колекција го одбра Музејот Anahuacalli, како едно од највпечатливите места во Мексико Сити. Создадено е од Diego Rivera, не само за да го спаси предколумбиското наследство, туку и за да создаде засолниште за уметноста.

Тоа беше идеално место за Goyri и на неговите живописни, динамички па и страствени пролетни експресии. Соочен со предизвиците на пандемијата и карантините, Goyri своето пролетно видување го доживува и како повторно раѓање на слободните движења и прошетките во зелените градини.

Со желба да земе дел од животот што го пропуштивме во текот на овие пандемиски месеци, тој дизајнира виножито од можности, мода, музиката и танц  – создавајќи модно шоу за паметење.

Колекцијата беше за прикажување на силуетите: на нозете, рамената и грбот, а во облеката имаше и динамика и женственост. По ревијата, моделите почнаа да танцуваат, покажувајќи дека, без оглед на ситуацијата или атмосферата, секогаш постои изговор да ги кренете потпетиците./М.М.

Kris Goyri

Kris Goyri

Kris Goyri

Kris Goyri

You may also like

Comments are closed.