Serbia Fashion Week, што се одржува во Нови Сад до 29 септември, е во знакот на високата мода. Во објектот на Музејот на Војводина и на терасата на најголемиот трговски центар во регионот – Promenadа, свои нови колекции преставуваат српски дизајнери, како и гости од странство. На претпоследниот ден, 28 септември, ќе биде отворена изложба посветена на одржливата мода, под слоганот „Да ја спасиме планетата„.

Втората вечер на Serbia Fashion Week е во знакот на српските дизајнери и на неа се преставени колекциите со кои тие се учествуваа на Модната недела на Сицилија.

Во рамките на придружната програма SFW организира и онлајн конференција, во соработка со Министерството за култура и информации./М.М

You may also like

Comments are closed.