Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), препораките во врска со ограничувањето на шеќерот се надминуваат низ целиот свет. Шеќерот се наоѓа на повеќето полици во продавниците за храна, се користи во се поголем број производи и тоа особено во оние наменети за децата.

Последиците од прекумерното конзумирање шеќер можат да бидат прилично сериозни. Кај жените може да предизвика разни габични инфекции, децата имаат слаб имунолошки систем, а мажите може да имаат намалување на либидото, пренесува Bright Side.

Шеќерот има многу калории, но оние т.н. празни затоа што немаат вистинска хранлива вредност.

Иако се наоѓа во многу намирници, можно е да се избегне. Ова е препорака, бидејќи премногу внесување остава сериозни последици по здравјето, а дебелината е само една од нив.

Акни – Штом гликозата влезе во крвотокот, предизвикува низа комплицирани физиолошки процеси кои на крајот можат да предизвикаат воспаление и проблеми со кожата. Ова зголемување на инсулинот со текот на времето може да ја зголеми активноста на лојните жлезди и да ги активира воспалителните процеси. Шеќерот носи поголем ризик за појава на акни.

Проблеми со забите – Некои од штетните бактерии во устата можат да се хранат со шеќерот. Така, нивото на киселина што тие обично ја произведуваат може да ја оштети глеѓта на забите. Кога ќе се истроши овој заштитен надворешен слој, зголеменото ниво на киселина може да доведе до расипување на забите.

Болки во зглобовите и мускулите – Ако чувствувате болка, пецкање и оток во нозете со појава на црвенило, тоа може да биде една од посериозните последици.

Надуеност – Истражувањата покажаа дека понекогаш шеќерот не се вари целосно во тенкото црево. Кога ќе влезе во дебелото црево, може да ферментира и да доведе до гасови, грчеви и болно надуеност, како и да ги влоши симптомите на синдромот на нервозни црева.

Консумирањето многу слатка храна, условува високиот шеќер во крвта да спречува гликоза да влезе во клетките. Затоа телото нема енергија и постојано бара нешто благо, бидејќи тоа е најбрзиот начин да се добие „гориво“./М.М.

You may also like

Comments are closed.