Архитектонското студио за дизајн Hayri Atak замисли впечатлив облакодер за хоризонтот на Менхетен, чија аморфна форма и материјални својства ќе прават да се издвојува меѓу соседните згради. Се работи за Sarcostyle кула, односно концепт зграда за финансискиот дел на Менхетен. Кулата е инспирирана од биолошки концепти, вклучувајќи анатомија и клетки, кои му даваат на проектот органски сензибилитет во густиот градски пејзаж.

Во дизајнот на Sarcostyle кулата, архитектонското дизајнерско студио Hayri Atak ги испреплетува елементите на архитектурата во структура со шилеста форма која навидум се намотува во себе, создавајќи низа празнини кои му даваат на проектот чувство на транспарентност и нудат различни толкувања во зависност од тоа од каде се гледа објектот.
На овој начин Sarcostyle кулата на Hayri Atak демонстрира перспективи кои постојано се менуваат што го привлекуваат вниманието и се поврзуваат со нивната околина./М.М.
Повеќе информации на : www.hayriatak.com

 

You may also like

Comments are closed.