Денот на вљубените е и роденден на Јосип Лисац, хрватската поп рок пејачка која остава силен белег со својот уникатен глас, талент и харизма, но и модна икона чији сценски фустани се вистински уметнички дела.
Освен уникатноста на гласот и целосната посветеност на музиката, Јосипа ја изгради својата силна уметничка индивидуалност и преку нејзината визуелна препознатливост. Продолжува да настапува, а нејзината биографија станува вистински моден водич на една дива.


Кога е во прашање стилот, таа вели дека е тешко да се опише и дека е главно непредвидлив. Чувствувам, вели таа, дека луѓето, кога станува збор за мојот стил се секогаш изненадени – или позитивно или негативно. Незнам каква фризура или фустан излегува од мене но, тоа е прашање на моментот – како се гледате и доживувате себеси.
Освен уникатноста на гласот и целосната посветеност на музиката, Јосипа ја изгради својата силна уметничка индивидуалност и преку нејзината визуелна препознатливост. Нејзините фризури, модните дизајни во кои се појавуваше и шминката што одеше заедно со нив, по правило предизвикуваа внимание. Многу од овие дизајни, заедно со исклучителни портрети, беа изложени на фотографската изложба на Жељко Копролчец во 1998 година, која следеше по претставувањето на компилациското ЦД The Best Of, во Музејот на уметности и занаети во Загреб.


Модната свест на Јосипа е препознатлива низ децении, во чекор со нејзините музички достигнувања. Така во доцните 70-ти, таа веќе се појавуваше во стилски фустани, во текот на 80-тите носеше перика од хартија и икебана фризура која на МЕСАМ, во 87 година, во спектакуларен настап со фустан од 100м2 ќе ја „прегрне“ целата сцена. Нејзините 90-ти се паметат по виолетова коса и стилските фустани, 2000 година и албумот Живот, по алуминиумскиот фустан-скулптура. Сите овие, како и тиркизната коса, која следеше во ерата на дигитализацијата, се незаборавни слики за нејзиниот заштитен знак.
Ваквите слики – некогаш несомнено и предмет на потсмев, потоа шокантни и изненадувачки, со текот на годините станаа се повеќе и повеќе ценети како неизбежен белег на нејзиниот стил. Затоа, со право, на првите хрватски модни оскари во 2004 година, во категоријата најдобро облечена пејачка, таа едноставно немаше конкуренција. Забелешката на Јосипа, по добивањето на оваа награда, дека и таа конечно влезе во мода, се потврди две години подоцна, кога по вторпат ја доби истата статуетка. Во 2004 година, магазинот Elle и ја додели наградата „Elle Style Award“ за животно дело.
На бројните прашања за стилот Јосипа ќе нагласи дека таа всушност ги дотерува своите песни само за сценски настапи. Песната има своја личност, вели таа. Во тоа нејзино дотерување на песните и помогнаа соработниците од светот на модата чии дизајни носеше како: Мила Вишњиќ, Алан Хранитељ, Ида Стипчиќ-Јакшиќ, Сташа Чимбур и Ксенија Врбаниќ./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.