Новиот сертификат SANE ги обединува еколошките, социјални и кориснички аспекти на модата. SANE е сеопфатен моден стандард, евидентиран од страна на United Nations Conscious Fashion и Lifestyle Network, платформата која ги евидентира иницијативите за спроведување на Целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals). Сертификацијата опфаќа текстил, додатоци и обувки следејќи сеопфатен пристап кој ги разгледува различните фази на животниот циклус на производот. Тој се фокусира на области кадешто влијанијата врз животната средина и луѓето се најштетни и кадешто брендовите и производствените капацитети имаат техничка способност да имплементираат поодржливи методи на обработка.


Наместо да се концентрира на единечни аспекти, како што тоа го прави Bluesign со одржливите практики за обработка и производство на текстил, или, како кај GOTS који бараат минимум природни влакна, опсегот на SANE се протега многу подалеку од она што обично се покрива.
За да се осигура дека брендовите се усогласени со критериумите на SANE, производните капацитети мора да бидат подложени на сертификација од страна на акредитирана ревизија од трета страна. Но, сите во индустријата знаат дека заморот од ревизија расте и некои брендови можеби веќе имаат други сертификати. За да се одбегне непотребно дуплирање, SANE ги прифаќа постоечките стандарди за одржливост.
Иако има високи стандарди, SANE сè уште е остварлив и им овозможува на брендовите да ја започнат својата одржлива транзиција со еден производ или мала колекција пред да се справат со целата нивна палета на производи. Стандардот е во согласност со европските директиви, поради што се верува дека ќе се воспостави модна сертификација во Европа.
Она што го прави дополнително интересен за малите и средни компании е структурата на трошоците. Брендовите плаќаат по обем на производство – што значи дека немора да вложат голема инвестиција.
Со едноставно скенирање на QR-кодот, купувачите добиваат целосен увид во купеното. Карактеристичното лого на SANE претставува производи кои се произведени со еднакво внимание за животната средина, правата на работниците и здравјето на потрошувачите, поставувајќи нов репер за одржливост во текстилната и во модната индустрија./М.М.

You may also like

Comments are closed.