Royal Veggies е новата линија производи од замрзнат зеленчук достапна на пазарот. Се состои од седум пакувања, избор од најчесто користени и комбинација од селектирани видови зеленчук. За овие производи употребен е првокласен, внимателно селектиран зеленчук. Од компанијата Слога Пром велат дека со оваа понуда се задоволува голем недостиг и потреба на пазарот во овој сегмент на прехранбени производи.

„Како компанија што долго време работи во овој сегмент ги следиме трендовите на пазарот и кај македонските потрошувачи и ја забележавме потребата од токму вакви производи  и од македонски компании во кои потрошувачите имаат поголема доверба. Нашиот пристап во создавањето на новата линија беше првокласен квалитет во секој сегмент, од внимателно избрани добавувачи, селекција, соодветно пакување според највисоки производни стандарди за квалитет на храна и правилна дистрибуција. Лансирањето на новата линија Royal Veggies е продолжување на инвестицискиот бран што го имаме во последнава година во Слога Пром во нови производи и во подобрување на квалитетот на сите постојни, за што безрезервно вложуваме и во човечкиот капитал, но и во нови погони и модерни машини“, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога Пром.

Слога Пром веќе 30 години работи на македонскиот пазар применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна и здрава храна. Портфолиото на компанијата е богато и разновидно, исполнето со тоа што е барано на пазарот и од потрошувачите./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.