RITUALS, во соработка со EARTHDAY.ORG ™ , за поддршка на нивните напори за пошумување, по повод Денот на планетата Земја, 22 април, организираат Неделата на планетата Земја.

Прва од повеќето предвидени активности подразбира 20% попуст за сите рефус полнења на колекциите производи на RITUALS. Едновремено, за секое продадено рефус полнење, RITUALS  ќе донира дрво.

Попустот и донацијата на дрво за секое продадено рефус полнење се повик од брендот во поддршка на EARTHDAY.ORG.

Така, изборот на еко опција за рефус полнење за кремот за тело The Ritual of Ayurveda  подразбира едновремено грижа за себе и грижите за околината: со рефус полнењето се заштедува 70% во емисии на СО2, 65% во енергија и 45% помалку користење на водата. Рефус полнењето совршено се вклопува во вашата оригинална луксузна тегла.

Балансираното живеење е принципот зад Ајурведата, науката за животот. Оваа древна мудрост од Индија ви помага да го подобрите здравјето и благосостојбата, со чистење и потхранување на вашата енергија. Ритуалот на Ајурведата е внимателно дизајниран да ја поддржи оваа филозофија и нуди колекција на луксузни производи за нега на домот и телото кои помагаат во балансирање на вашето тело, ум и душа.

Меѓу производите е спомнатиот крем за тело, The Ritual of Ayurveda, со индијанска роза и хималајски мед.

Како универзален симбол на чистота и љубов, слатката и нежна арома на розата предизвикува позитивни чувства, а има и смирувачки својства. Хималајскиот мед е познат по своите лековити својства: има посебно омекнувачко и навлажнувачко дејство врз кожата, а обезбедува и есенцијални, хранливи материи и витамини. Медот Хималаја е и добар извор на минерали. Овие, како и некои други билки, со благотворно дејство, се дел од Ајурведа колекцијата. Со неа, како и со останатите колекции производи за телото и домот, RITUALS активностите се насочени од природата кон здравјето и – кон заштитата на природата./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.