Rihanna е подготвена за на сцена, на настап на полувремето на Super Bowl LVII, што ќе се одржи на 12 февруари во Глендејл, Аризона.

Super Bowl е еден од најгледаните телевизиски настани во светот – па и на настапот на полувремето Rihanna му посветува должно внимание.
Новата колекција Savage X Fenty, инспирирана од Super Bowl, дел е од подготовките, а фотосесијата треба да ги мотивира и сите други који планираат да бидат дел од овој настан, тоа да го направат во соодветна облека.
Линијата за долна облека на Rihanna , Savage X Fenty, објави мала колекција, инспирирана од фудбалот, насловена како Game Day.

Колекцијата располага со асортиман од 17 спортски стилови, вклучувајќи универзални дресови, дуксери, спортски панталони и боксерки. Кафеавата скратена маичка LVII, особено, е инспирирана од бојата на фудбалот. И како што е секогаш случајот со Savage X Fenty, парчињата доаѓаат и во широки димензии RAN, кои се движат од XXS до 4X, и се со цена по двесесетина евра.

Покрај пуштањето на новата колекција пред Super Bowl, Savage X Fenty ќе отвори и специјална поп-ап продавница „Game Day“ во Лос Анџелес. За купувачите е подготвена специјална фото-сесија во новата облека, како и подароци во стилот на Super Bowl./М.М.

You may also like

Comments are closed.