НАСА им се придружи на NFT артворк продавачите. Anicorn Watches објави дека е содаден Space Watch, прв НАСА брендиран NFT

Создавачот на овој Space Watch, прв НАСА брендиран NFT е графичкиот дизајнер Richard Danne. На него е прикажан НАСА брендиран, вакумски спакуван диск како ротира во темен простор. NFT, како незаменлив токен, функционира како ваучер што му овозможува на неговиот сопственик да добие ограничено издание на Space Watch дизајниран од Danne.

„Ширум светот ќе бидат достапни само два токена со Space Watch, дизајниран од Richard Danne, „таткото на НАСА дизајн програмата “, објаснуваат од Anicorn Watches. Сопственикот на NFT ќе добие колекција на дигитална содржина, вклучувајќи видео и звучни клипови, кои детализираат за претходно неоткриениот дизајн на часовникот. На токенот е и видео со нацрти за часовникот и снимена изјава на Richard Danne за дизајнот “.

Според дигиталните дизајнери, со ваквите дела NFT ќе започнат „креативна и уметничка ренесанса“.

Сликите на часовникот сè уште не се објавени, но според брендот, тој е сместен во куќиште од не’рѓосувачки челик и има уникатно издание, врежано на неговото стакло од анти рефлектирачки сафир. Има црн кожен ремен, црн мат хардвер и нараквица од не’рѓосувачки челик.

Создаден со Anicorn Watches, ова е првиот NFT со бренд на НАСА, одобрен од американската владина вселенска агенција. NFT дејствуваат како автентичен сертификат, поврзан со дигиталното уметничко дело снимено на блокчејн што го потврдува потеклото и сопственоста, слично на трансакцијата со криптовалута.

Anicorn Watches е креативно студио и производител на часовници и претходно има направено низа специјални изданија на НАСА часовници. Space Watch е единствениот часовник на пазарот, дизајниран од креаторот на логото на НАСА“./М.М.

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.