Moschino

Новата колекција на Jeremy Scott за претстојните пролетно-летни денови е пастелен колаж со везови и чипки, создаден во стилот внатрешното е надворешно, односно опачината е на лице. Создадена е разиграна колекција, бидејќи дневните модели, со синџири и бисери (некои вистински, некои не), доаѓаат како оние што ќе ги најдете во книгата на хартиени куклички.

Moschino овој trompe l’oeil концепт го турка од пред четири години, со колекција што играше со визуелни трикови, на речиси секоја површина. Идејата сега се зацврстува на пастелни, дневни фустани и комплети со надворешни додатоци што наликуваат на долен веш или налепени, извезени  џепови.

Дизајнерот Jeremy Scott обожава да си игра со очекувања, па  Moschino и овој пат останува на таа линија – модни изненадувања пред се! Меките, пастелни бои на безмалу класичните кројни линии се освежени со деликатни и модерни детали, со што колекцијата остава особен впечаток./М.М.

Moschino

Moschino

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.