Фантомската миризба, односно рhantosmia, обично не треба да биде причина за загриженост и најчесто самата исчезнува но, доколку ваквата состојба трае подолго или, се повторува, потребна е консултација со лекар.
Phantosmiaта, фантомската миризба или, мирисна халуцинација, претставува состојба во која се чуствува непостоечка миризба. Причините за ваквата состојба вклучуваат проблеми со носот, како што е синузитис, или состојби со нервниот систем, вклучувајќи мигрена, како и посериозни состојби и заболувања, како мозочен удар или шизофренија.
Phantosmiaта е нарушување поврзано со сетилото за мирис и е релативно ретко. Сочинува околу 10-20 проценти од нарушувањата поврзани со сетилото за мирис. Во повеќето случаи, рhantosmiaта не е причина за загриженост и ќе исчезне сама по себе.


Некои фантомски мириси се пријатни но, почесто, се опишуваат непријатни, како чад од цигари, хемиски или метален мирис, миризба на нешто гнило, рапипано, застоено или мувлосано…
Истражувањата покажуваат дека рhantosmiaта се јавува кај 11 проценти од луѓето. Иако COVID-19 е познат по тоа што предизвикува проблеми со сетилото за вкус, забележано е и неговото влијание врз сетилото за мирис. Истражувањата покажуваат дека вирусот може да е причина за појава на фантомски миризби.
Phantosmiaта може да влијае на сетилото за вкус што доведува до намален апетит и губење на тежината. Истражувањата покажаа дека фантомските миризби може да се појават кај луѓе на помлада возраст или кај луѓе кои исто така имаат симптоми на стрес и анксиозност.
Луѓето може да искусат фантомски мириси од многу причини. Тие можат да бидат поврзани со носот, кога состојбата е позната како периферна или, со мозокот – централна Phantosmia. Проблемите со носот или носната шуплина се најчестите причини за нарушувања на мирисот и вклучуваат: назални полипи, хронични инфекции на синусите, алергиски ринитис (поленска треска)…
Фантомските мириси може да се јават и поради начинот на кој тоа мозокот ги разбира миризбите. Тие вклучуваат: епилепсија, траума на главата, мигрена, каде што Phantosmiaта може да биде аура, паркинсонова болест, депресија, мозочен удар…
Кога рhantosmiaта е поврзана со проблеми со носот, плакнењата со солена вода можат да помогнат во намалување на мирисот. Кога причината за фантомската миризба е поврзана со мозокот или централниот нервен систем, миризбите најчесто се поупорни.
рhantosmiaта често се меша со паросмија, што претставува нарушување на чувството за мирис. Луѓето со паросмија мирисаат вистински мириси, но мирисите се изменети. На пример, мирисот на цвеќе може да наликува на мирис на хемикалии.
Третманот на овие миризби варира во зависност од основната причина за фантомската миризба, како алергии, медицински третмани, пушење или изложеност на токсини, како и реакција на лекови, вклучително антидепресиви и антибиотици. Лицата кои имаат бактериска инфекција по соодветната терапија можат да се ослободат од овие миризби. Луѓето со хроничен синузитис или друго долготрајно назално воспаление може да разговараат со лекар за најдобрите опции за третман. Лекувањето на основните состојби се однесува и на фантомските миризби./М.М.

You may also like

Comments are closed.