Сите знаеме дека на први јануари се прославува Новата година, но на малкумина им е познато дека е и доста необичен празник – Светски ден на мамурлакот.
Во тоа, секако, голема улога има предновогодишното лудило. Па така, доколку планирате новогодишна прослава со многу алхохолни пијалоци, погрижете се навреме да набавите суплементи кои ќе обезбедат солидна поддршка за црниот дроб и ќе ви помогнат следниот ден да го одбегнете мамурлакот.
Електролити: помагаат да се хидрира телото и да се врати рамнотежата вода-електролит, која може да се наруши со прекумерно консумирање алкохол. Дополнително, електролитите можат да помогнат и во ублажување на симптомите на мамурлакот, како што се главоболка и гадење.
Глутатион: Производот на разградување на алкохолот од страна на црниот дроб е ацеталдехид, кој брзо ги исцрпува резервите на глутатион во црниот дроб. Препорачуваме дневен внес на додаток на глутатион, кој ќе му овозможи на црниот дроб поефикасно да се детоксицира кога ќе дојде време.
Млечен трн: природен начин за подобрување на функцијата на црниот дроб. Млечниот трн, кој може да помогне во детоксикација на овој орган, како и на бубрезите од етанол и ацеталдехид./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.