Paco Rabanne

Познат по својата смелост и ненадмината изработка, Paco Rabanne ве поканува да зачекорите во иднината и да го почувствувате на вашата кожа.

Футуристичкото искуство е главниот белег на мирисот, за кој е одговорно трио енергичен лимон, кремаста лаванда и прекрасна ванила.

Paco Rabanne, познат по својата чувствителност кон модата и мирисите, го подигнува чувството за мирис на друго ниво – една од неговите главни состојки е технологијата.
Футуристички, енергичен и неверојатно секси – новиот машки мирис на Paco Rabanne ја замаглува границата помеѓу фантазијата и реалноста.
Phantom е првиот мирис создаден како резултат на креативност и на вештачката интелигенција. Шишето е најреволуционерниот дизајн во индустријата на парфемите досега. Во неговиот врв е вграден специјален чип за бесконтактна комуникација.  Мирисот оживува „дигитално“ , со помош на апликација за координација што се поврзува само со допирање на телефонот до шишето со парфемот.
Покрај тоа што е показател за неодамнешната фасцинација со вселената и длабокото нурнување на модата во технологијата, Phantom може да се пофали и со одржливо шише кое лесно се рециклира./М.М.

Paco Rabanne

Вести

MISS WORLD NEW GENERATION 2026

Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS ...

You may also like

Comments are closed.