KIKO Milano

Со пораката – Животот нека биде во боја – омилениот италијански бренд KIKO Milano, во Ист Гејт Мол ја отвори својата прва специјализирана продавница, под закрила на Фешн Груп.

Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на KIKO, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно KIKO Milano искуство, порачуваат од Фешн Груп.

Во оваа нова козметичка оаза ќе пронајдете повеќе од 2.000 производи кои чекаат на вас, но и едно сосема поинакво шопинг искуство, потпомогнато сега и од советите на вистинските професионалци. Продавницата е целосно дизајнирана за да одговори на сите ваши потреби и желби од различна возраст, благодарение на неверојатно квалитетните производи што секогаш помагаат да бидете она што сакате да бидете, посочи Јордан Колевски, маркетинг-менаџерот на групацијата.

KIKO Milano

Основана во 1997 година во Милано, Италија, од Стефано Перкаси и неговиот татко Антонио Перкаси, KIKO ги идентификува главните трендови за убавина и ги направи достапни за сите. Комбинирајќи го квалитетот и креативноста, вкоренети во италијанска крв, KIKO ги освојува и најпребирливите кога станува збор за убавината, благодарение на бескрајната палета на нијанси, тонови и текстури. Денес, брендот има над 900 продавници и е достапен на триесетина пазари ширум светот./М.М.

KIKO Milano

KIKO Milano

KIKO Milano

KIKO Milano

More in:Шминка

You may also like

Comments are closed.