Не стивнуваат реакциите од Модната недела на Њујорк, по првиот настап на трансродна креаторка Pjer Davis со модели од колекцијата наречена No Sesso. Станува збор за дизајнерска марка создадена пред шест години со цел да се привлечат купувачи на кои им се допаѓа родно неутрална, инклузивна облека. Брендот е поттикнат од трансродна заедница, а се фокусира на зајакнување на врските помеѓу луѓето од сите раси, бои и идентитети.

No Sesso содржи широк спектар на модели со силни бои, принтови, разновидни ткаенини, реконструирани ткаенини со рачни везови.

Правејќи ја неусогласеноста колку што е можно поубава и инклузивна, No Sesso ја промовира заедницата на која и служи со своите колекции, модни презентации, забави, едукативни активности./M.M.

No Sesso – Pinterest

 

You may also like

Comments are closed.