Monica Lewinsky, ѕвезда на кампањата You’ve Got the Power за модниот бренд Reformation, во разговор за ELLE, го споделува своето ново искуство. Активистката и писателка, според мислењето на Lauren Cohan, креативната директорка на Reformation, е вистинска современа хероина.

Lewinsky е новото заштитно лице на кампањата „Ти ја имаш моќта“ ( You’ve Got the Power), која промовира пораки за излезност на изборите. Lewinsky, освен модел беше вклучена и во развој на концептот на кампањата, истакнувајќи ја важноста од препознавање на областите во кои на жените им е потребна поддршка.


Модниот бренд Reformation во три изборни циклуси досега има спроведувано проекти за поттикнување своите клиенти да гласаат. Годинава соработуваат со Vote.org во проект чија цел е достапност на гласањето. Lewinsky ја нагласува и важноста од користење на гласачкото право и за надминување на предизвиците од фрустрација и апатијата на гласачите.


Monica Lewinsky стана позната јавна личност поради вмешаноста во скандалот со тогашниот американски претседател Bill Clinton. Како практикантка во Белата куќа, започна врска со претседателот, по што избувна скандал кој доведе до криза и иимпичмент на претседателот.
Monica Lewinskyсе се повлече од очите на јавноста и последователно стана активист за прашања поврзани со срамот, злоупотребата на интернетот и последиците од јавното понижување.


Сега, на 50 години, вели дека се чувствува поудобно во своја кожа и е оптимист за новата деценија од животот. Нејзината улога во кампањата за Reformation не само што ја промовира колекцијата, туку и ја нагласува важноста од активно учество на жените во општествените прашања./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.