Во борбата против штетното влијание на брзата мода, Франција го претстави предлогот за данок од пет евра за секое продадено парче брза мода. Иницијативата е предводена од францускиот претставник Antoine Vermorel Marques, со поддршка на Horizons Grupe. Според Fashion United, овој данок претставува прв конкретен чекор против еколошката и социјалната деструкција што ја создаваат гигантите на брзата мода. Предлогот го симболизира клучниот напор – од ефтиното производство во странство да се оди кон зајакнување на локалното производство. Сепак, ефективноста на овој предлог, како додаток кон суштественото трансформирање на пејзажот за брза мода, сè уште е под лупа.


Имено, прашањето за социјална правда и достапноста на модата се поставува како клучно во контекст на воведувањето данок на брзата мода. Со воведување на такви даноци, државите се соочуваат со предизвикот во обезбедувањето достапност на облека за посиромашните слоеви на општеството.
Еден од пристапите што може да се земе предвид паралелено со мерките во даночната политика е инвестирање во програми за поттикнување на одржливо производство на облека во локалните заедници, обезбедување едукација за одржливи потрошувачки практики и охрабрување на долгорочна употреба на облеката. Исто така, може да се размисли за субвенции или даночни олеснувања за етички и одржливи брендови, за да ги направат поконкурентни на пазарот.

Останува така доминантно прашањето на успех на рестриктивни мерки, наспроти обмислени сеопфатни системски решенија на кои долго се чека./М.М.

You may also like

Comments are closed.